
Добродојдовте во
СПЕКТРУМ
невладино и непрофитабилно здружение, основано од родителите на деца/лица со пречки во развојот, кое оперира во Северна Македонија и во регионот.
Кои сме ние и што правиме?
Спектрум е здружение за родителите на децата/лицата со проблеми во развојот, кои со години истражувале разни научни студии во ова поле. Секој ден излегуваат нови методи и протоколи кои не само што помагат при развојот, туку и целосно лекуваат деца/лица со пореметувања.
Невозможно е самостојно да се пратат сите овие нови постигнувања, а секако дека здружени сме посилни. И кога зборуваме за здружување, посилни ќе бидеме заедно секако доколку во нашето здружение членуваат лекари и други стручни лица во ова поле.
Целите на Спектрум се следните:
Подобрување на здравствената заштита на децата/лицата со нарушувања на аутистичен спектар и други развојни нарушувања
Организирање на различни видови едукации за лекари од сите области, особено за педијатри, имунолози, невролози, гастроентеролози, генетичари и психијатри, за современи начини на здравствена заштита на децата/лицата со аутистички спектар, синдроми и други развојни нарушувања;
Организирање на различни видови на едукација и поддршка за родители на деца/лица со аутистички спектар, синдроми и други развојни нарушувања;
Подобрување на правната рамка со која се уредува здравствената заштита на децата/лицата со аутистичен спектар на нарушувања, синдроми и други развојни нарушувања;
Свесност на стручната заедница и родителите на децата/лицата со нарушувања од спектарот на аутизмот за аутизмот како нарушување предизвикано од генетски, невробиолошки, имунолошки и метаболички причини;
Јавна заштита за промена на перцепцијата за аутизмот како неизлечива состојба;
Како и Заштита за остварување на други права на децата/лицата од спектарот на аутизам, синдроми и други развојни нарушувања.
Изгледа прекрасно
сакам и јас да бидам дел од здружението
Доколку сте лекар, стручно лице, родител или сметате дека можете да го дадете вашиот придонес кон остватување, па и дури создравање на нови цели, кои ќе им помагаат на децата/лицата со проблеми во развојот, секогаш сте добродојдени во Спектрум. Доволно е само да го пополните формуларот за регистрација, за да стапиме во контакт преку нашите канали.
Имаме многу важен настан за вас #SEECA2022
Mеѓународната Конференција за атуизам на Југоисточна Европа (South East European conference on Autism – SECA), во која ќе се дискутира за современите начини на лекување кај децата со пореметување на аутистичниот спектар. Конференцијата се планира да се одржи од 2-ри до 4-ти Јуни во Белград, и истата е акредитирана од Здравствениот совет на Република Србија како меѓународен конгрес (под број на Евиденција А-А-1574/21), и носи 15 поени за предавачите и 10 поени за учесниците.
Во обработка
Тука има артикли од БЛОГ
МЕСТО ЗА ТЕКС-ПАРАГРАФ
Третман
Во нашиот блог можете да ги најдете најдобрите лекари, клиники, лаборатории, и се друго што ќе ви помогне да ја остварите вашата мисија!
Со вашата донација давате директна поддршка во подобрување на животот на децата со пореметување на аутистичниот спектар и нивните фамилии.
Секој паричен допринос е важен за да ја оствариме нашата цел, а тоа е: да ја подигнеме свеста на лекарите, родителите и целата јавност за аутизмот како сложен неуро-имунолошко пореметување.
Ресурси
ПРВИТЕ ЧЕКОРИ ЗА ДИЈАГНОЗА
Доколку сте загрижени за развојот на вашето дете, најважно е да имате отворен разговор со лекар/педијатар, кој може да ве упати на дополнителни тестови. Родителите навистина ги познаваат своите деца и во моментот
Pans / PANDAS
Што е PANDAS/PANS? Педијатриско автоимуно невропсихијатриско нарушување поврзано со стрептококна инфекција (PANDAS) и педијатриски невропсихијатриски синдром со акутен почеток (PANS) се јавуваат по инфекција, најчесто инфекција со стрептокок. Воспалението на мозокот се јавува кога
Aвтоимун енцефалитис
Што е автоимун енцефалитис? Автоимуниот енцефалитис е збир на повеќе заболувања во кои имунолошкиот систем на телото го напаѓа мозокот, предизвикувајќи воспаление. Имунолошкиот систем произведува супстанции наречени антитела кои погрешно ги напаѓаат мозочните клетки. Како