ПРВИТЕ ЧЕКОРИ ЗА ДИЈАГНОЗА

Доколку сте загрижени за развојот на вашето дете, најважно е да имате отворен разговор со лекар/педијатар, кој може да ве упати на дополнителни тестови. Родителите навистина ги познаваат своите деца и во моментот кога ќе помислат дека нешто не е во ред, најдобро е што поскоро да се консултираат со лекар.

Постојат неколку скрининг тестови што може да се направат дома. Американската академија за педијатрија (ААП) препорачува сите деца да се подложат на скрининг за аутизам на возраст од 18 и 24 месеци. Ова можеби звучи рано, но родителите во повеќето случаи до таа возраст ќе забележат дали има развојни проблеми кај нивното дете.

Тестот M-CHAT (link https://secureservercdn.net/104.238.68.130/545.e42.myftpupload.com/wp-content/uploads/2016/07/M-CHAT-R_F_Serbian_v2.pdf)  е едноставна алатка за скрининг што родителите можат да ја завршат на таа возраст, дома или кај педијатар. Но, без оглед на резултатите од тестот, ако сте загрижени за развојот на вашето дете, разговарајте со докторот на вашето дете.

Тестот ATEC  (https://survey.alchemer.com/s3/6068112/7ad0a7cdcb92 ) е уште една едноставна алатка за скрининг што родителите можат да ја направат. Во основа дава неколку резултати на потскалата, како и вкупниот резултат што може да се користи за споредба. Колку е помал резултатот, толку помалку проблеми има со детето. Функцијата на возраста на детето исто така игра улога во вкупниот резултат.

Ниту еден од споменатите тестови не е формален тест за дијагностицирање на лице со аутизам, ниту пак родителите можат да постават дијагноза како таква. Тестовите се само упатства кои треба да им бидат корисни на родителите и старателите во случај да забележат развојни проблеми кај децата. Конечната дијагноза ја утврдува тим од лекари, следејќи ги упатствата на педијатарот.

Превземено од https://naukatizam.org/resursi/#1636319358510-8d988519-6313

Спектрум е невладино и непрофитабилно здружение, основано од родителите на деца/лица со пречки во развојот, кое оперира во Северна Македонија и во регионот.

Заедно сме посилни

Зачлени се

Leave A Comment

Related Posts