
Др. Aнтонучи, Никола, – ИТАЛИЈА
БИОГРАФИЈА
Диплома по медицина и хирург на Универзитетот во Бари, Италија, во јули 2000 година. Специјализирал психијатрија на истиот Универзитет во јануари 2005 година, МНР и спектроскопија применувана кај пациенти погодени од шизофренија.
Од октомври 2006 година, кога на неговата ќерка и беше дијагностицирано нарушување од спектарот на аутизам, тој започна да студира и да работи со Биомедицински третмани на аутизам користејќи го знаењето на Институтот за истражување на аутизмот – Сан Диего (CA). Тој неколку месеци ја следеше медицинската обука во „The Rimland Centre“ – Lynchburg (VA) под менторство на Dr E. Mumper.
Од 2006 до 2012 година секоја година присуствуваше на годишниот научен состанок и медицинска обука на Институтот за истражување на аутизмот и од 2012 година на годишната конференција AutismOne во Чикаго.
Тој е директор на „Биомедицинскиот центар за истражување и третман на аутизам“ во Бари – Италија, каде што се среќава со италијански и меѓународни пациенти кои доаѓаат од повеќе од 30 различни земји ширум светот. Во неговиот Биомедицински центар работи исклучиво со деца погодени од невро-развојни нарушувања. Тој се среќава со пациенти и во неколку други градови во Италија, како и во неколку другиземји.
Во 2010 година, во соработка со д-р Дарио Синискалко, Вториот универзитет во Неапол, тој основал истражувачка група за проучување на молекуларните и клеточните промени кај аутизам. Оваа група спроведува неколку истражувачки испитувања во соработка со различни меѓународни универзитети и истражувачи во Европа и САД и веќе има објавено неколку трудови на меѓународни рецензирани списанија од областа на аутизмот.
Од 2013 година, тој работи во соработка со добитникот на Нобеловата награда, проф. Лук Монтањеер, во врска со хроничната бактериска инфекција кај аутизмот, а исто така проучувал и објавувал за молекуларните патишта вклучени во оксидативниот стрес и воспалението кај нарушувањата на спектарот на аутизмот.
Поканет е да има говор на неколку меѓународни конференции (Малта 2010, Киев 2012, Варшава 2013, Единбург 2013, Киев 2013, Дубаи 2013, Париз 2014). Во мај 2015 година тој има говор на конференцијата AutismOne во Чикаго за „Ефективни стратегии за интервенција за секој фенотип на аутизам“
Неговите дела досега добиле 339 цитати, со h-индекс: 10.