#SEECA2022
South East Europe Conference on Autism
Преку следниот допис, со задоволство Ве информираме за организирање на меѓународната Конференција за атуизам на Југоисточна Европа (South East European conference on Autism – SECA), во која ќе се дискутира за современите начини на лекување кај децата со пореметување на аутистичниот спектар. Конференцијата се планира да се одржи од 2-ри до 4-ти Јуни во Белград, и истата е акредитирана од Здравствениот совет на Република Србија како меѓународен конгрес (под број на Евиденција А-А-1574/21), и носи 15 поени за предавачите и 10 поени за учесниците.
Цел на конференцијата е запознавањето на медицинските стручњаци со родителите на децата со пореметувања на аутистичниотспектар, при што ќе се дускутира за современите третмани кај овие комплексн
и неуро-имунолошки пореметувања, со цел се обезбеди правовремена медицинска поддршка кај овие деца, со што им се дава шанс
а Во конференцијата ќе имаат свој говор реномирани истражувачи од САД, Русија, Италија, Франција, Полска, Украина, Босна и
Херцеговина и Србија. Конференцијата се организира од здружението “Деца без граници” заедно со здружението “Наукатизам”, додека технички организатор е организацијата “MEDAPP”, додека “Спектрум” обезбедува средства за лекарите од Македонија што ќе ја посетат конференцијата.
Имајќи го предвид зголемениот број на деца со пореметување на аутистичниот спектар кај нас и во с
ветот, како и големото напредување на науката во ова област во последната деценија, очекување голем број на заинтересирани лекари и родители од цела Европа да ја следат конференцијата во живо или преку онлајн платформата.
Детални информации за SEECA конференцијата, можете да најдете на следната веб адреса https://seeca.i
nfo/sr. За сите дополнителни прашања, можете да се обратите преку емаил info@spectrum.mk или телефон 071232995 (Марија Митевска=.
И вашата подршка може да биде многу важна за организирање на конференцијата. Секако дека секоја донација е добродојдена, а имаме и специјални пакети за спонзори кои можете да ги најдете подолу. Однапред Ви се заблагодаруваме.